Шпанскиот фудбал и Ла Лига се враќаат од 11.јуни со градското дерби меѓу Бетис и Севиља, кое ќе биде специфично бидејќи ќе се игра пред празни трибини.

Сепак, за тоа шпанска Ла Лига тестира различни методи на подобрување на атмосферата за време на следењето на натпреварите преку ТВ.

„ Тестираме методи за време на преносот на кој навивачите преку своите ТВ екрани би можеле да одберат една од двете опции. Првата е сликата да биде без додатни зголемувања на звукуот, додека втората е слика на која ќе има виртуелни звуци од навивачите. Првите тестови се импресивни“- изјави Хавиер Тебас.