Најсилноот фудбалско првенство во Шпанија, Ла Лига се соочува со сериозен испит, како да се избалансира состојбата и да се подготват екипите за најавениот рестарт на сезоната.

Шпански „АС“ открива дека фудбалер на Атлетико Мадрид е позитивен на коронавирус и поради ова целокупната слика на Пиринеите се комплукува.

Левиот бек на „Јорганџиите“, Ренан Лоди бил позитивен на последното тестирање во Атлетико Мадрид, тој има симптоми на опасниот вирус, Ковид-19 и сега ќе мора да помине 10 дена во изолација пред одново да биде тестиран.

Останатите девет играчи кои биле тестирани биле негативни, но во Атлетко Мадрид се подготвени на дневна проверка.