Атлетико Мадрид и Јувентус се двата клуба кои оваа сезона се издвојуваат како фаворити за ангажман на репрезентативецот на Уругвај, Едисон Кавани.

Напаѓачот не е среќен во ПСЖ, пренесува „Ла Парисиен“ и во зимскиот преоден рок е цврсто решен да го промени клубот и првенството.

За Кавани интерес има од повеќе клубови од Европа а минатото лето напаѓачот имал можност да се пресели во Јунајтед и во Интер но решил да остане во ПСЖ.

Кавани сега се поврзува со трансфер во Шпанија каде Атлетико Мадрид е подготвен да направи се за да го добие во екипата на Симеоне.