Милан има очаен старт во калчо лигата сезонава, по пет кола е на 13. место, тренерот Марко Џампаоло е пред отказ.

Клубот од Милано се бори сам со себе, тоа е дел од анализата на „La Repubblica“, му бараат спасител и конечно му најдоа, нов спонзор и свеж капитал.

Според овој извор, нов сопственик на Милан ќе биде „Louis Vuitton“, газдата на модниот бренд, Бернард Арно е пред откуп на акциите на гигантот од Италија и веќе е најдена замена за Џампаоло, тоа е Масимилијано Алегри.

Арно  наводно понудил милијарда евра за отлуп на ФК Милан, со овој капитал, Милан би се вратил на славните патеки, богатството на  сопственикот на „Louis Vuitton“ се проценува на 97 милјарди евра.