Вчера навечер премиерот на Италија, Џузепе Конти, со декрет забрани било какви спортски активности во земјата поради алармантната состојба со коронавирусот.

La Repubblica тврди дека се разгледуваат три сценарија околу тековното италијанско првенство.

Првото сценарио се базира на можноста да се одложи ЕУРО 2020, па тогаш Серија А ќе продолжи на лето.

Второто сценарио предвидува во последниот месец да се играат средби на секои 2-3 дена, а Купот на Италија да се организира подоцна.

Третото сценарио е најлошото и предвидува првенството да не заврши и да не се прогласува шампионот. Во тој случај би се определиле само екипите што ќе ја преставуваат Италија во европските натпреварувања во следната сезона и тоа според моменталниот изглед на табелата.

Во случај на последното сценарио, Скудетото не би го добил никој, од Серија „А“ не би имало испаѓање, а од Серија „Б“ би влегле само првите две екипи, па во следната сезона првенството би се играло со 22 екипи.