Јувентус во последните три меча освои само четири бода и ако бидат поразени викендов во мечот против Удинезе, нивниот тренер Андреа Пирло ќе добие отказ. Доколку тоа се случи на позицијата прв тренер како привремено решение ќе биде Игор Тудор. Ова го наведува весникот Ла Стампа, а го пренесуваат италијанските медиуми, потсетувајќи дека Јуве е во тешка позиција во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Милан со поразот против Лацио падна од првите четири, но Наполи влезе и притоа го помина Јувентус, кој сега е на четвртата позиција. Аталанта е на втората позиција со 68 бода, додека Наполи, Јувентус и Милан имаат по 66.

Ситуацијата за Јувентус е прилично комплицирана и Пирло во случај да не успее да се пласира во Лигата на шампионите ќе остане без работа. Лошата вест за него може да биде добра за неговиот асистент Игор Тудор, кој привремено би седнал на клупата на Јувентус како прв тренер.