Симоне Инзаги најверојатно ке го продолжи договорот со Лацио.
Договорот на Инзаги истекува на крајот на тековната сезона и се шпекулираше дека раководството на Лацио е задоволно од досегашната работа на Инзаги и дека соработката ќе биде продолжена.

Оваа информација доаѓа во период кога Лацио сеуште е во игра за пласман во Лигата на шампионите,а и самото раководство цврсто верува дека тимот може да го оствари тоа.

Неодамна се појави информација дека Синиша Михајловиќ може да дојде во Лацио, но тоа веројатно нема да се случи.

“Треба да ја завршиме сезоната на позитивен начин. Добро се согласувам со претседателот Лотито, не брзаме. Тој има лични проблеми и играме натпревари на секои три дена. Нема да има проблеми”, рече Инзаги.

“Горд сум што сум тренер на овој тим. Ние сакаме да завршиме меѓу четирите првопласирани екипи”, додаде тој.

 

Лацио во моментов е на шестото место со натпревар помалку.