Репрезентативецот на Црна Гора и фудбалер на Лацио, Адам Марушиќ се подготвува со римјаните за продолжение на сезоната, но покрај тоа тој има одлична понуда од ПСЖ.

Имено, тој има договор со Лацио до 2025.година, но според „Ла Република“, ПСЖ испрати понуда за него во износ од 15.милиони евра, која Лацио ја одби. Наводно, италјанскиот гигант бара 20.милиони за услугите на Црногорецот.

„ Ова е почеток на приказната. Нема сомнеж дека агентот на Марушиќ, Матеја Кежман ќе биде често во контакт со директорот на „светците“ Леонардо и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито“- наведува „Ла Република“.

За потсетување, Марушиќ во Лацио стигна во 2017. година од редовите на Остенде за само шест милиони евра.