Сергеј Милинковиќ Савиќ (СМС) е желба на Реал Мадрид кој доколку сака да го види своите редови ќе мора да исполни еден услов.

Претседателот на Лацио за Србинот бара 50 милиои евра, воедно Реал треба да го ослободи Хамес Родригез кој би се преселил во Рим.

Според „Corriere dello Sport“, претставници на „кралевите“ се во интензивни преговори со Лотито но засега нема резултат.

Реал Мадрид смета дека сумата од 50. милиони евра е превисока за Србинот но сеуште преговара со клубот од Рим.

Сергеј Милинковиќ Савиќ има договор со Лацио до 2024 година.