Управата на Лацио е блиску до договор со Симоне Инзаги во однос на неговата иднина на клупата на клубот од Рим.

Италијанските медиумите тврдат дека преговорите се во завршна фаза и наскоро се ќе биде официјализирано.

Лацио во моментов е на второто место на табелата во Серија А, со еде бод негатива во однос на лидерот Јувентус.

Инзаги и Лотито досега одлични соработуваа па се очекува Инзаги да го прифати новиот двегодишен договор според кој ќе заработува по 3 милиони евра по сезона.