Лацио го потврди трансферот на Ведат Муричи од Фенербахче, косовецот утре оди на медицински прегледи во Рим.

Муричи е напаѓач и според медиумите од Италија, Лацио за него платил 18 милиони евра плус 2 во бонуси.

Клубот од Рим се реши за Муричи во нападот, тој за Фенербахче постигна 17 гола нашто придодаде и 7 асистенции на 36 средби.

Муричи има 26 години, тој е член на репрезентацијата на Косово која е противник на Македонија во полуфиналето на Лигата на нации.