Рома е многу блиску да го продаде Патрик Шик на Лајпциг за 25.милиони евра и подготвени се да им ги простат уште трите милиони евра кои требаше да ги исплати Лајпциг поради пласманот во Лигата на шампиони.

Напаѓачот оваа сезона настапува како позајмен фудбалер во Лајпциг за сума од 3,5 милиони евра.Тој сезонава постигна седум погодоци и две асистенции на 15.натпревари за Бундеслигашот.

Според „Sky Sport Italia“ клубовите се сретнале попладнево и во наредните неколку дена се чека официјализација на трансферот на Чехот.