РБ Лајпциг од следната сезона ќе го води Џеси Марш, потврди вторпласираниот клуб во германското фудбалско првенство. Договорот меѓу 47 годишниот американски стручњак и тренер на братскиот клуб Ред Бул Сацбург е потпишан на две години и ќе трае до крајот на јуни 2023 година.

На клупата на Лајпциг ќе го замени Јулијан Нагелсман, кој од следната сезона како што е познато заминува во Баерн Минхен.

Марш во Лајпциг работеше во сезоната 2018/2019, тогаш како помошник тренер на тимот кој го освои третото место во Бундес лигата и играше финале на Купот на Германија. Во тренерската кариера ги има водено и тимовите на Монтреал Ипмакт и Њујорк Ред Булс од 2015 до 2018-та година, освојувајќи и една награда за најдобар тренер во МЛС.

Со Салцбург има освоено двојна круна, а истиот успех може да го постигне и оваа година.