Барселона и Манчестер Сити добија серозна конкуренција во италијанскиот  гигант Милан кога е во прашање потписот на Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Александре Лаказет.

Искусниот напаѓач има договор со популарните „топчии“ до крајот на актуелната сезона, но поради конечната одлука дека не сака да ја продолжи соработката, челниците на Арсенал се принудени да го продадат за време на зимскиот преоден рок.

Освен овие клубови за Лаказет е заинтересиран и Атлетико Мадрид и Виљареал.