Напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет ја отфил опцијата да се пресели во Интер ова лето откако тимот од Италија во него гледа потенцијална замена за Лаутаро Мартинез.

Лаказет не е во прв план во составот на Артета, но Французинот решил дека подобро е да остане и да се бори за своето место кај „Топџиите“ отколку да се пресели во Интер и да игра во Серија А.

Лаказет кој минатата недела наполни 29 години има уште две години од договорот со Арсенал. Тој и Обамејанг се најавува дека ќе го напуштат Арсенал ова лето, но засега нема конкретна потврда каде сакаат да играат и кој клуб е подготвен да ги купи.