Арсенал во летниот преоден рок го направи најскапиот трансфер во нивната клупска историја, откако за 72 милиони фунти го доведе Николас Пепе од тимот на Лил.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата оска беше удар на голем број на критики поради лошата адаптација на Премиер Лигата, но во последниот период почнува да ги оправдува средствата.

Тој вчера во победата над Њукасл ја забележа седмата асистенција во сезоната, а Лаказет изјави дека само прашање на време е кога Пепе ќе го прикаже сиот свој потенцијал.

„ Напоменав дека треба да бидеме трпеливи со него. Тој е сеуште млад и се адаптира на Премиер лигата која е далеку најтешка во светот. Му треба самодоверба, а кога му веруваш тој е се подобар и подобар. Тој е иднината на Арсенал“- изјави Францскиот напаѓач.