Повремениот репрезентативец на Англија, Адам Лалана го продолжи договорот со Ливерпул до крајот на оваа сезона и ќе го напушти клупот откако ќе заврши сезоната во Премиер лигата.

Сезоната во Премиер лигата ќе продолжи на 17 јуни а Лалана ќе може да добие медал откако извесно е дека Ливерпул ќе ја освои тутулата. Црвените имаат предност од 25 бода на врвот на табелата.

„Среќен сум што ќе добијам шанса да ја завршам оваа сезона, ова ми значи многу на мене и на моето семејство.“ – изјави Лалана чиј договор со ливерпул истекуваше на 30 јуни.