Ерик Ламела потврди дека сака да се врати во италијанската Серија А.

Крилниот напаѓач пред неколку сезони го носеше дресот на Рома, а италијанските медиуми открија дека интерес за неговите услуги покажуваат раководните лица на Милан и Наполи

Аргентинецот оваа сезона во тимот на Тотенхем не добива многу минутажа , па во лондонскиот табор не би имале против да го продадат Аргентинецот , доколку некој понуди 25 милиони.

Досега Ламела за Тотенхем има 117 настапи на кој забележа 13 погодоци