Тренерот на англискиот прволигаш Челси, Франк Лампард, оцени дека стартот на новата сезона во Премиерлигата закажан за 12 септември е преуранет.

Датумот беше утврден минатиот месец, но проблем за Лампард претставува кратката пауза и згуснатиот распоред.

Челкзи во сабота го игра реваншот против Баерн Минхен од 1/16 финалето во Лигата на шампиони, па дури и доколку не успее да ја надополни негативата од 3-0, на лондонските сини ќе им останат само 35 денови за одмор и тренинг пред стартот на новата сезона.

„ На играчите треба да им биде даден одмор за да можат да играат на нивото и квалитетот кои се потребни за во Премиер лигата Дури и во најлошото сценарио по нас – доколку не го минеме Барен Минхен – 12ти септември ми изледа преран датум за моите играчи“- Изјави Лампард..