Менаџерот на Челси, Франк Лампард се надева дека клубот ќе ја продолжи соработката со Оливие Жиру и Вилијан барем до крајот на сезоната.

Поради пандемијата од Коронавирусот, фудбалот во Англија е суспендиран од март, а последните денови се најавува дека фудбалот ќе се врати во јуни.

„Се уште е неизвесно кога ќе можеме да играме. На многу наши важни играчи им истекува договорот и тоа е нешто на што морам да размислувам. Секако и тие се грижат поради ситуацијата во која се. Се надевам дека ќе се договориме и дека ќе останат со нас. Сакам сезоната да ја одиграме во состав кој го имавме и претходно“- изјави Лампард.