Лондонски Челси предводен од Франк Лампард верува дека Оливие Жиру ќе потпише нов едногодишен договор и покрај најавите за негово заминување.

Жиру има договор со Челси кој истекува ова лето, понудата од Јувентус е приманлива а Жиру неодамна изјави дека сака да се проба во Серија А.

Ако тоа што го нуди Јувентус не е доволно добро, одлична комбинација има и со Вест Хем. Двегодишен договор, капитенската лента и можност потоа да остане во клубот како тренер во младинските категории ако реши да се пензионира.

Сепак, според островските медиуми, Челси има најголеми шанси да го задржи Жиру кој не е ссреќен поради тоа што клубот досега не му понудил официјална можност за продолжување на соработката.