Битката за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона преку позициите на табелата кои водат во Европа во Премиер лигата може да добие поконкретен правец вечерва по соочувањето на Челси и на Манчестер Јунајтед.

Франк Лампард посакува спортска одмазда за оној пораз од 4:0 во август по кој Јунајтед уште еднаш славеше над Челси, во националниот Куп со 2:1.

Во составот на „Сините“ неизвесен за настап е Лофтус Чик како и Пулишиќ додека во тимот на Солскјер, нема да играат Погба, Рашфорд и Туанзебе а неизвесен е настапот на Мектоминеј.

Челси во дерби пресметката влегува од 4 место на табеалта со 41 бод додека Јунајтед е девети и има 35 бода.

Челси последен пат славеше победа над „Црвените Ѓаволи“ во мај во финалето ФА Купот во 2018 година додека во Премиер лигата последен пат ги победија ривалите од Манчестер на 5 ноември 2017 година со голот на Мората.