Челси се соочува со можеби најтешката сезона во Премиер лигата во последната декада. Забраната за купување на нови играчи и заминувањето на најдобриот играч носи притисок по работата на Франк Лампард, но тој е уверен дека клубот може да има успешна година и покрај сите проблеми.

„Не сакам да зборуваат на таа тема. Не сакам да даваат изјави за забраната за купување на играчи. Не сакам да зборуваат за тоа што е успех а што не е. Кога ќе ги погледнам знам дека ентузијазмот е тука но не смееме да дозволиме целиот притисок да заврши на нивните раменици.“ – изјави Лампард.

Новиот тренер на Челси верува дека овој тим може да направи добар резултат во оваа сезона и покрај заминувањето на Азар во Реал Мадрид и на Давил Луиз во Арсенал.