Новиот менаџер на Челси, Франк Лампард е уверен дека Курт Зума ќе има одлична сезона во синиот дрес и поради тоа нема намера да дозволи Евертон повторно да го добие на позајмица.

„Тој е играч на Челси и јас сакам да остане така. Зума е многу добар дефанзивец, тоај е професионалец и едноставно сакам да биде дел од мојот состав.“ – тврди Лампард.

Евертон посакуваше да го ангажира Зума и за новата сезона откако минатата ја мина како позајмен на „Гудисон Парк“ но Лампард има поинакви планови.

Челси ќе мора да ги искористи сите играчи кои ги има на располагање затоа што не смее да купува играчи до јуни 2020 година поради казната од УЕФА.