Томас Тухел, Масимилиано Алегри и Аврам Грант се поврзуваат со менаџерското столче во Челси откако Лампард полека ги губи конците од рака.

Новите засилувања не се докажаа на „Стенфорд Бриџ“, Челси не е во формата која се очекуваше да биде на стартот од новата година, а Лампард е пред отказ.

Сепак тренерот на „Сините“ тврди дека не е загрижен дека ќе добие отказ.

„Не слушам што се зборува за мојата иднина. Едноставо ги избегнувам написите на социјалните мрежи, и не размислувам за тоа. Не сум глупав, знам дека притисокот со менаџирањето на овој клуб е тука, но јас само си ја работам работата. Не ми пречи притисокот, очигледно е дека не сме среќни како што бевме во октомври и ноември, но тоа е тоа. Се обидувам да го менаџирам тимот најдобро што можам, ако тоа функционира добро ако не тоа е тоа, јас ќе дадам се од себе.“ – изјави Лампард.