Фудбалерите на Челзи од средниот ред, Дени Дринквотер  и Тимуе Бакајоко слободно можат да бараат нови клубови, ова го тврди „Daily Mail“ повикувајќи се на извори од клубот.

Легендата на Челзи, Франк Лампардкој е менаџер на екипата им дал до знаење на Дринквотер и Бакајоко дека се слободни да бараат нови клубови, не се во неговите планови по турнеата во Јапонија, пишува „Daily Mail“ .

Челзи од продажбата на овие двајца играчи очекува околу 80 милиони евра, Дринквотер одигра само 23 меча за „сините“ од Лондон, Бакајоко беше позајмен на Милан и сега не е во комбинација за новата сезона.