Менаџерот на Челси, Франк Лампард призна дека неговиот тим не бил на нивото кое го очекуваа навивачите во дуелот со ВБА.

Пресметката заврши 3:3, Челси освои бод благодарение на голот на Абрахам а според многумина меѓу кои и Славен Билиќ.  „сините“ со помош на судиите се спасија од пораз.

„Ова беше голема лекција за нас. На крајот од денот двата бода се загубени. Чиста грешка, чисти грешки не чинеа бодови. Може да имате безброј состаноци но ваквите грешки прават да мора да искачите планина. Има многу работи кои треба да ги подобриме.“ – изјави Лампард.