Дерби Каунти денеска даде дозвола англискиот премиерлигаш Челзи да преговара со нивниот менаџер, Френк Лампард.

Легендата на лондонскиот клуб веќе долго време се најавува како замена за Маурицио Сари, кој го напушти клубот од „Стемфорд Бриџ“ и седна на клупата на Јувентус. Британски „Скај Спорт“ јавува дека Челзи за услугите на Лампард ќе мора да му исплати на Дерби Каунти четири милиони фунти.

Лампард помина една сезона на клупата на Дерби и беше многу блиску до пласман во Премиерлигата, но беше поразен во плеј-оф финалето од Астон Вила.

Френк Лампард во својата играчка кариера настапуваше за Челзи 13 години, каде три пати се радуваше на титулата во Премиерлигата.