Баварскиот гигант има многу причини за спортска одмазда против екипата која ги победи во финалето од ЛШ во 2012 година.

Челси е подготвен за осминафиналниот предизвик а Франк Лампард тврди дека и покрај тоа што гостинот е фаворит, „Сините“ гледаат шанса за пласман во четвртфиналето.

„Концентрацијата и фокусот мора да бидат на топ ниво на двата меча. Сакам кога резикуваме во нападот но мора да бидеме добри и во одбраната. Разбирам зошто луѓето велат дека сме аустајдери, Баерн е многу силен. Можеби ние немаме доволно искуство но можеме да ги свртиме работите во наша полза.“ – изјави Франк Лампард, тренерот на Челси.