Челси се дистанцира од трката за потписот на Џејдон Санчо поради високата трансфер оштета која ја бара Борусија Дортмунд.
На ова се согласил и Франк Лампард кој верува дека 27 годишниот фудбалер на Порто, Жесус Корона е идеална атернатива која чини четири пати поефтино.
Се верува дека Порто ќе го продаде Корона за 30 милиони евра со што решението за нападот на Челси ќе биде ефикасно но и ќе чини помалку.
Хаверц, Санчо и Кутињо повеќе не се на трансфер листата на Лампард, пренесува „ЕСПН“.
Comments are closed for this post.