Менаџерот на Челси, Франк Лампард побара јавно од Дидие Дешамп да го изостави Н`Голо Канте од  списокот на играчи за престојните Евро-квалификациски натпревари со Албанија и Андора.

„Ова е тешко време за него. Тој игра летири години во континуитет без пауза. Повредата од финалето во Лига Европа влијаеше по неговата подготовка ова лето. Потоа се повреди против Јунајтед. Интернационалната пауза добро ќе му дојде, секако доколку Канте остане слободен без обврски за Франција.“ – изјави Лампард.

Канте е незаменлив играч во екипата на Челси и можеби најдобриот на својата позиција во светот.