Во Шпанија не беше потребно премногу време за да се започне анализата околу изборот на Енрике, Мората да биде прв напаѓач на репрезентацијата која вчера ремизираше со Шведска 0:0.

Навивачите но и новинарите од Шпанија започнаа хајка на социјалните мрежи и браат Мората да биде преселен на клупата.

На ова следуваше одоговор од новиот репрезентативец на „Фуријата“, Лапорт.

„Ни недостигаше само еден гол денеска, но сигурен сум дека во следните натпревари ќе постигнеме многу повеќе. Точно е дека Мората немаше своја вечер, но ќе постигне повеќе голови во следните натпревари и ќе им ја затвори устата на сите.“ – изјави Лапорт.