Кандидатот за претседател на Барселона, Хуан Лапорта планира да направи повеќе измени во првиот тим доколку ја добие довербата на престојните избори.

Според медиумите во Шпанија , Лапорта воопшто не е задоволен од работата на Роналд Куман и поради тоа ќе направи итна промена на менаџерската позиција.

Прв пик на Лапорта е менаџерот на Арсенал, Микел Артета кој не се прослави премногу во Лондон, барем не досега. Како втора опција се наведен Чави Хернандез.

Лапорта за прв приоритет најавил дека ќе остане разговорот со Меси и убедувањето тој да остане на „Камп Ноу“