По 50% избројани гласови на претседателските избори во ФК Барселина, Хуан Лапорта води во однос на неговите конкуренти, Виктор Фонт и Тони Фреиха.

Според тоа што го пренесуваат медиумите од Шпанија, извесно е дека Лапорта повторно ќе седне на претседателското столче на Барса со која раководеше од 2003 до 2010 година.

Неофицијално Лапорта се очекува да победи со околу 58% од гласовите, а ова допрва треба да биде и официјално потврдено.

Лапорта најави во кампањата дека ќе успее да го убеди Меси да остане на „Камп Ноу“ и ќе донесе неколку нови звучни засилувања, а можно е и Микел Артета да го замени Куман.