Вчерашниот пораз на Барселона наиде на големи негодувања од страна на навивачите, кои беа жестоки  до таа мера , што бараат од раководството експресна смена на Роналд Куман.

Овој пораз дефинитивно не се допадна и на раководството на Барселона и според шпанските медиуми раководството размислува за смена на Куман.

Според пишувањата на „Кватро“, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта веќе ја контактирал легендата на клубот од „Камп Ноу“, Чави, кој моментално ја обавува функцијата тренер на Ал-Сад, но истовремено контактиран е воедно и самиот катарски клуб.