Старо- новиот претседател на Барселона Хоан Лапорта постигна спонзорски договор во САД вреден 500 милиони евра. Никој уште не знае кој стои зад таа инвестиција, но наводно во прашање е една позната и влијателна фирма од Америка. Тие пари Лапорта ќе ги искористи за три работи.

Меси, Халанд и средување на долгот

Прво ќе го среди новиот договор за Лионел Меси. Барселона мора да ја надмине понудата на ПСЖ. Французите наводно подготвиле понуда која Барселона нема да може да израмни. Барселона на својот најдобар играч би му понудила 30 милиони евра по сезона и уште не се знае кои се точно условите на Аргентинецот за останување.

Втората работа е средување на долговите. Барселона должи повеќе од милијарда евра и на тоа Лапорта веќе почнал да работи.

Трета работа на која цели Лапорта е доведување на мега ѕвезда. Прв на таа листа е Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Неговиот менаџер Мино Раиола и татко му Алф Инге Халанд веќе се сретнаа со Лапорта. Лапорта би го сакал и Нејмар, но се чини Бразилецот ќе остане во ПСЖ. Па поради тоа сигурно изборот ќе падне на Халанд.

Барселона ги доведува Агуеро и Гарсија без пари

Барселона исто така работи и на доведувањето на двојката од Манчестер Сити. По истекот на договорот во Каталонија би требало да пристигне стоперот Ерик Гарсија и напаѓачот Серхио Агуеро. Дека работата со Гарсија е готова потврди и Пеп Гвардиола.

„Ерик Гарсија е еден од моите најдраги играчи. Денеска не беше на клупата, поради тоа што верувам дека заминува во Барселона“- кажа Пеп после победата над Тотенхем во финалето на Лига купот минатата недела.

Гвардиола со тоа потврди дека Барселона добива принова во дефанзивата од летово и тоа без отштета. Гарсија е шпански репрезентативец и производ на школата Ла Масија. Се очекува да потпиша договор на 5 години.