Хуан Лапорта е оптимист по однос на иднината на Лионел Меси на „Камп Ноу“. Ново избраниот претседател на Барселона по 11 години се враќа во канцеларијата каде помина седум години од 2003 до 2010 година.

Лапорта најави револуционерни промени, нови засилувања, финансиска стабилизација и враќање на клубот на светскиот врв.

„Поминаа точно 20 години откако момчето по име Лионел Меси дебитираше за младинскиот тим на Барселона. Кога ќе видите дека најдобриот фудбалер на светот дојде да гласа заедно со неговиот син, јасно вие каква е пораката. Лео ја сака Барселона, тој е одраз на се` во клубот, најдобриот играч во светот ја сака Барселона. Се надевам дека ќе успеам да му помогнам да остане во Барселона, тоа е нешто што сите го сакаме. “ – изјави Лапорта.