Претседателот на Барселона Хоан Лапорта призна дека постои интерес за Антоан Гризман, за кој има шанси да го напушти клубот, поради неговата висока плата и финансиската криза во клубот.

„Клубот многу вложив во него и среќни сме со него. Не е лесно некој клуб да дојде по играч на ова ниво, но преодниот рок почна и посоти интерес за Гризман“– изјави Лапорта во текот на презентацијата на Мемфис Депај.

Интерес за Французинот покажуваат Атлетико Мадрид и Манчестер Сити. Веќе се пишуваше дека е можно да се врати во Мадрид како дел од размена со некој фудбалер.