Претседателот на Барселона Хоан Лапорта одлучи да и се обрати на јавноста и навивачите после поразот од Баерн Минхен во првото коло од Лигата на шампионите.

Каталонците на својот стадион претрпеа пораз од 0:3 од германскиот клуб, а повеќе од убедливиот пораз ги заболе што нивниот тим не успеа да упати ниту еден удар кон голот.

„Здраво, „кулоси“ и јас сум разочаран еднакво како и сите вие. Морам да ви кажам што се случува, ова е една од ситуациите кои ги очекувавме. И ве молам за трпение и да продолжите да го поддржувате нашиот тим. Исто така ве молам да има доверба во луѓето кои го водат нашиот клуб. Потребна ни е вашата доверба и време, нема сомнеж дека и овој проблем ќе го решиме. Ви благодарам многу, да живее Барселона“- изјави Лапорта.