Претседателот на Барселона Хоан Лапорта ги повика навивачите да останат со својот клуб, кој според неговите зборови, моментално се наоѓа во тешка ситуација.

Тие лошо ја почнаа сезоната, без Лионел Меси, поради што веќе силно се најавува заминување на тренерот Ронлад Куман.

Навивачите не се задоволни со моменталната ситуација, првиот човек на клубот ги повика да трпелици и да продолжат да го поддржуваат тимот.

„Ве повикувам да продолжите да го поддржувате нашиот тим. На екипата сте и потребни“- порачна Лапорта.

„Знаете дека преживуваме тешки моемнти, поради тоа е потребно да остана со нас. Против Кадиз ќе се обидеме да победиме. Не знам што ќе се случи, но без разлика на тоа, продолжете да го поддржувате тимот и против Леванте. Останете мирни, знаеме што мораме да направиме.“