Лаутаро Мартинез има подобар почеток во дресот на Аргентина од Диего Марадона, Лионел Меси, Габриел Батистута и бројни други ѕвезди на јужноамериканската селекција.

Иако само со 21 година напаѓачот на Интер влезе во историјата постигнувајќи 9 гола на 13 натпревари за Гаучосите. На последениот натпревар аргентинците славеа со 4-3 против Мексико во пријателски меч. Меси не играше поради повреда, но Мартинез повеќе од достојно го замени постигнувајќи хет-трик во само 22 минути од првото полувреме.

Во првите 13 натпревари за репрезентацијата Гонзало Игуаин и Диего Марадона постигнаа по седум гола, Габриел Батистута – шест, Хернан Креспо – пет а Сержо Агуеро четири погодоци. Лионел Меси постигнал само два гола во првите 13 натпревари во дресот на Аргентина.

Феноменалниот Мартинез е на мета на шпанскиот гигант Барселона, токму на инсистирање на Меси, но Интер не сака ниту да чуе за негова продажба.