Управата на Интер се соочува со сериозен проблем во однос на продолжувањето на договорот со Лаутаро Мартинез.

Напаѓачот има договор со Интер до јуни 2023 година но поради интересот од Барселона, Конте сака Аргентинецот да се обврзе на нова петгодишна соработка.

Интер му нуди на Мартинез 5 милиони евра по сезона, напаѓачот сака 7.5 милиони евра по сезона и во договорот да нема откупна клаузула.

„Мојата иднина во Интер, не знам што може да се случи. Во моментов можам само да кажам дека давам се од севе за мојот тим. Не затворам ниедна врата како она аод Барса.“ – изјави Лаутаро.