Аргентинскиот репрезентативец, Лаутаро Мартинез не сака да остане во Интер и подготвен е за трансфер во зимскиот преоден рок.

Според „Марка“, напаѓачот побарал од неговиот агент, Жорже Мендес да ја интензивира потрагата по нов клуб за него со можност трансферот да се реализира во јануари.

Мартинез има понуда од Реал Мадрид но тука се и клубовите од Премиер лигата меѓу кои и двата од Манчестер и франуцски ПСЖ..

Интер досега одолеваше на сите доставени понуди за Мартинез но како играчот одби да потпише нов договор можно е за два месеци да се согласат и да го продадат.