Интер со победата над Сасуоло од 2:1 дојде на плус 11 бода во однос на Милан на табелата во Серија А.

Разликата е голема на девет кола до крајот а Конте предупрепреди дека ништо не е завршено.

Стрелецот на вториот гол на Интер во победата над Сасуоло, посочи дека Конте е главниот виновник за успешната сезона во Италија.

„Ова беше важна побед за нас за зголемување на водствот на врвот на табелата. Правиме се што тренерот ќе ни каже. Размислуваме само за сегашноста. Ние сме Интер, работиме напорно секоја недела, среќни сме и сакаме да продолќиме вака. Не очекува нов натпревар викендов. Се што постигнав досега во оваа сезона е благодарение на Конте. Пораснавме ментално и тактички и морам да му се заблагодарам на него за тоа.“ – изјави Лаутаро Мартинез.