Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез потврди дека минатото лето бил во преговори со Барселона за трансфер во Шпанија, но тоа не се реализирало.

Лаутаро има договор со Интер до јуни 2023 година и се ичекува да потпише нов до 2027 година и со тоа да стави крај на сите шпекулаци.

„Точно е, имаше преговори со Барселона, и Конте знаеше за тоа. Му кажав дека размислувам само за Интер, и дека тоа нема да влијае по мене. Како и да е тоа е минато, и наскоро ќе потпишам нов договор со Интер. Не знам кога ќе биде тоа официјално, во меѓувреме можам да потврдам дека тука се гледам уште долго време.“ – изјави Лаутаро

Лаутаро верува дека со Конте, Интер може да стигне до титулата во Серија А оваа сезона.