Денешната европска фудбалска програма за македонските фудбалски навивачи започнува во 16:30 на игралиштето „Петар Милошевски“ кај ФФМ. Македонија ЃП го пречекува Алашкерт со Ерменија со една цел, победа од 2:0 која им гарантира пласман во второто квалификациско коло во Лига Европа.

Александар Таневски верува дека неговите фудбалери можат да го обезбедат потребниот резултат за пласман во второто коло и со тоа да го продолжат европското лето.

Резултатот не е реален приказ за играта на Македонија ЃП на првиот меч, денеска во Скопје црвено-жолтите веруваат во своите можности и најавуваат победа.