Металург со пораз стартуваше во ракометната Лига на Европа, откако вечерва немаше сили за подвиг против фаворитот Тулуз, одигрувајќи 33-29 на гостувањето во Франција.

Македонскиот ракометен прволигаш пружи силен отпор и достојно се држеше во најголемиот дел од мечот.

Францускиот тим имаше водство од самиот почеток, но првата посериозна предност ја стекна при резултат 7-6 кого со серија од четири едноподруго голови се одлепи на 11-6, а потоа и 12- 7.

Металург со неколку мини серии од 2-0 одржуваше резултатска неизвесност и од негативата од 17-12 во самиот финиш на полувремето, успеа да се избори за надежни минус три пред продолжението на мечот.

Тимот на Зоран Кастратовиќ добро го започна второто полувреме и на средина на полувремето имаше негатива од само два гола (25-23).

Французите, сепак, брзо се одлепија на 29-24 и до крајот не ја испуштија предноста.

Најефикасен во редовите на Металург беше Црногорецот Милан Поповиќ со девет погодоци, додека Србинот Момир Рниќ запиша седум голови зад своето име.