Интересна информација пласира влијателниот „Ле Парисиен“, според кој ПСЖ не му верува на Нејмар, дури и кога кажува дека е среќен во Париз. „Светците“ очекуваат дека Бразилецот повторно ќе посака да замине, како што тоа беше во изминатото лето.

Иако неговиот договор истекува во 2022 година, ПСЖ засега не покажа интерес за преговори за неговото продолжување. Така, пак, не е во случајот со Килиан Мбапе, кому договорот исто така му истекува во 2022 година, но со кој ПСЖ веќе е во напреднати преговори за продолжување.

Според изворот, ПСЖ ќе почека да ја виде улогата на Нејмар во продолжението на Лигата на шампионите, па потоа ќе реши дали да преговара.

ПСЖ исто така смета дека трансферот на Нејмар и неговата плата, засега не се исплатија.