Риека, со Дарко Велкоски во составот, стартуваа со пораз во првото коло од групната фаза во Лигата на Европа, откако вечерва со гол во самиот финиш загубија од Реал Сосиедад со 1-0.

Победа на Сосиедад му ја донесе Баутиста Јон во 93 минута.

Македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч на „Кантрида“.

Во истата група, Наполи, за кој вечерва поради инфекцијата од коронавирус не играше Елиф Елмас, доживеа шокантен пораз на домашен терен од АЗ со 1-0.

Победата на холандскиот тим му ја донесе Баутиста Јон на средина на вториот дел.