Милан славеше на гостувањето кај Селтик со 3-1, а стартни победи во првото коло од групната фаза во Лигата на Европа вечерва запиша и премиерлигашкото дуо Тотенхем и Лестер.

Милан стигна до првите три бода во групата со головите на Круниќ, Диаз и норвешкиот тинејџер Јенс Хауг, а Ибрахимовиќ  одигра 66 минути.

Тотенхем очекувано немаше проблеми на домашен терен против Ласк и славеше со убедливи 3-0 над австрискиот тим со головите на Лукас, Сон и автоголот на Андраде.

 

Со идентични 3-0 на домашен терен славеше и Лестер над украинска Зорија, благодарение на головите на Мадисон, Барнс и Ихеначо.

Белградска Црвена звезда загуби на гостувањето во Германија кај Хофенхајм со 2-0, Баумгартнер во 64 минута и Дабур во судиското продолжение беа стреци за бундеслигашот.

Гостите мечот го завршија со 10 играчи поради исклучувањето на Станковиќ во 66 минута, а судијата претходно на Звезда и поништи гол поради офсајс по ударот на Ераковиќ .